Ждрепката за ракометното СП е на 2 јули, Македонија во вториот шешир

Машката ракометна репрезентација на Македонија на 2 јули ќе ги дознае своите противници со кои ќе треба да игра на Светското првенство во Полска и Шведска во јануари следната година.

Иако уште не се знае комплетниот состав на селекции кои ќе учествуваат, Светската федерација ИХФ веќе ги одреди шеширите за ждрепката и Македонија е во вториот затоа што го презеде рејтингот на Чешка, а тоа е добра вест затоа што нема да можеме да играме против Хрватска, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска.

Опасноста доаѓа од третиот шешир, каде што има силни репрезентации, како Србија и Унгарија. Ако ги избегнеме, би требало да бидеме на едно од првите три места кои водат во втората фаза, со пренесување на бодовите.

На ждрепката ќе се знае во кој град ќе игра Македонија, но уште од сега е јасно дека тоа нема да биде во Катовице и Јеншепинг, што значи дека остануваат во игра полските Краков, или шведските Гетеборг, Кристијанстад и Малме.

ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

ШЕШИР 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија.

ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3.

ШЕШИР 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2.

- Оглас -

Најнови вести