Жељко Обрадовиќ не можеше да поверува како загуби Фенер (Видео)

Фенербахче не успеа да ја извојува четвртата победа по ред во Евролигата, откако на драматичен начин вечерва во Истанбул загуби од Макаби Тел Авив со минимални 77-78. На 4 секунди до крајот, Фенер поведе со 77-76, со два поени од слободни фрлања на Костас Слукас. На тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ му требаше само да се одбрани по уфрлањето на топката од страна, но се случи недоразбирање и збунетост, па Отело Хантер речиси непречен ја фати топката под кошот на Фенер и лесно погоди за водство на Макаби.

Турскиот тим имаше уште една шанса, но Дерик Вилијамс не го погоди шутот за три поени. Во другиот завршен меч, Химки ја совлада Црвена ѕвезда со 78-72.

https://twitter.com/i/status/1225870418004692997

- Оглас -

Најнови вести