Жената која го „уби“ Дражен Петровиќ, сега е сопруга на германска фудбалска легенда (Фото)

На денешен ден пред 27 години, кошарката го загуби својот Моцарт, како што го нарекуваа Хрватот Дражен Петровиќ. Веста за неговата смрт беше шокантна, нешто како неодамна кога светот се потресе кога дозна за загинувањето на Коби Брајант.

Петровиќ загина во сообраќајна несреќа во близина на Инголштад во Германија, кога автомобилот марка Голф во кој тој бил совозач, со брзина од 160 километри на час удри во камион. Црвениот Голф го возеше Клара Саланци, девојката на Дражен. Таа преживеа, исто како и турската кошаркарка Хилал Едебал која седела позади, и беше во кома,а повредите на мозокот предизвикаа амнезија и дупка во сеќавањето.

Клара која беше германска манекенка со унгарско потекло, а и кошаркарка, го зеде Дражен од аеродромот во Франкфурт и заминаа кон Минхен.

Мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, за Клара вели дека е монструм, и дека таа не е во контакт ниту со Хилал, која не ја посетила во болница, иако долги години биле пријателки и играле заедно.

Во 2001 година, Клара се омажи со фудбалската ѕвезда Оливер Бирхоф, со кого уште се заедно и имаат дете родено во 2007 година. Таа неколку пати била во Загреб на гробот на Дражен и имала контакт само со неговиот брат Александар, но не сака да зборува за несреќата.

- Оглас -

Најнови вести