Жената на Икарди испрати порака која нема да им се допадне на навивачите на Интер (Фото)

Ванда Нара, жената, но и агент на Мауро Икарди, на својот профил од социјалните мрежи постираше порака која може да не им се допадне на навивачите на Интер. Ванда веќе одреден период преговара со челниците на Интер за продолжување на договорот на капитенот на „нераѕурите“, но засега тоа не вроди со плод.

Икарди е убедливо најдобриот фудбалер на Интер и лидер на теренот. Токму затоа Аргентинецот бара многу поголема плата од таа што моментно ја добива. Од Интер му понудија седум милиони евра годишно, но Ванда и Икарди категорично одбија и побараа повеќе.

Синоќа, на својот профил на „Инстаграм“ Ванда постираше фотографија на која е подготвена да замине некаде со авион, а во коментар напишала „Кога чекаш нешто кое нема да дојде никогаш, тогаш си заминуваш кога најмалку очекуваш“.

https://www.instagram.com/p/BsqsixZjIlW/?utm_source=ig_web_copy_link

Реал Мадрид е во потрага по напаѓач, а Икарди им е прв на листата на желби. На „Сантијаго Бернабеу“ е потребно да дојде играч кој ќе биде вистинска замена за Кристијано Роналдо бидејќи токму нападот моментно е најслабиот дел во играта на Кралскиот клуб.

Ако пораката на Ванда е дека Икарди може да си замине од Интер, во скоро време може да очекуваме еден голем трансфер во светскиот фудбал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести