Жените ги дознаа противниците во квалификациите за СП 2023

Македонската женска фудбалска репрезентација, денеска со ждрепка ги доби противниците со кои ќе игра во квалификациите за Светското првенство во 2023 година. Квалификациите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година. Нашата селекција е во групата Д со Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.

Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, а второпласираните учествуваат во плеј-оф во октомври 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести