Женскиот фудбал напредува – Погледнете каков спектакл имаше во Перу пред 30 илјади фанатични навивачи (Видео)

Женскиот фудбал е сè попривлечен за публиката, а потврда за тоа е и спектаклот во Лима, Перу, каде што 30 илјади френетични навивачи на финалето меѓу Алијанца и Карлос Манучи го урнаа рекордот на Јужна Америка.

Алијанца Лима победи со 3:0 и ја освои шампионската круна во Перу, а никогаш досега на женски меч во Јужна Америка немало 30 илјади навивачи.

Спектакуларната атмосфера дополнително ги мотивира домашните фудбалерки да го декласират ривалот и да ја освојат титулата со вкупен резултат од 4:1 во финалниот двомеч.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести