Жешките се тресат: Драгиќ и Адебајо неизвесни за вториот меч

Мајами хит и тренерот Ерик Сполстра се на големи маки во пресрет на вториот меч од финалната серија против ЛА лејкерс. Двајцата клучни играчи, Горан Драгиќ и Бем Адебајо, се неивесни за втората средба и до последен момент ќе чекаат за да добијат зелено светло за настап.

Драгиќ има проблеми со левата нога, Адебајо има болки во вратот, а доколку и двајцата не настапат ноќеска, Лејкерси ќе имаат полесна задача од обично да остварат 2-0 во серијата и да се доближат до посакуваната титула.

Езерџиите предводени од Леброн Џејмс демонстрираа доминација и ги оладија Жешките, па токму од Кралот и неговиот помошник Ентони Дејвис се очекува нова блескава партија.

Учинокот во поени, скокови, асистенции, сите три статистики заедно и ред други комбинации во индивидуален учинок, се само дел од богатата понуда која ја нуди Sport Life обложувалници за типување на овој натпревар во големото финале на НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести