Жешко лето за Симоне Инѕаги: Прво бебе, па потоа преговори за нов договор

За тренерот на Лацио, Симоне Инѕаги, нема летување на море оваа година. За разлика од играчите, тој остана во Рим, и очекува принова во семејството. Неговата сопруга Гаја в понеделник треба да се породи, и тоа ќе биде нивно трето дете. Гаја беше на одмор додека Симоне упте имаше обврски со тимот во финишот на Серија А, а сега се заедно дома и го чекаат понеделник.

Инѕаги ќе ги полни батериите во Рим, во релаксирана атмосфера дома и со третото дете, а потоа на 20-ти август има закажано прва прозивка во тренинг кампот Формело, додека три дена подоцна лацијалите заминуваат на висински подготовки.

Но, Инѕаги истотака очекува и повик за продолжување на соработката. Договорот со Лацио му истекува во летото 2021 година. Добрите игри во првенството и пласманот во ЛШ треба да бидат доволни за тој да добие поголема плата и нов договор. Односот со првиот човек на клубот Клаудио Лотито, му се добри, но потпишувањето на нов договор нема да биде чиста формалност. На Симоне му се брза да потпише, сака да знае на што е, за да може целосно да се фокусира на предизвиците кои му претстојат.

- Оглас -

Најнови вести