Жестока изјава на Платини: ВАР е убаво г….!

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, повторно го нападна системот за повторена видеоснимка која навлезе во фудбалот во последната година.
„BAP не ги решава проблемите, туку само ги отстранува. Ќе ми треба половина час за да објаснам зошто ВАР нема да реши ништо. Јас сум против таа новост во фудбалот, голема голема глупост е. За жал, никогаш нема да се откажеме од ВАР”, кажа Платини.

Но, ова беше само загревање за Платини, кој продолжи уште пожестоко да го напаѓа ВАР.

„Ќе повторам, јас сум против ВАР. Мислам дека тоа е едно убаво г….“, додаде Платини, кој смета дека во ФИФА не го сакале за прв човек бидејќи сакал да го брани фудбалот и бил единствен што играл фудбал меѓу кандидатите.

- Оглас -

Најнови вести