Жестоки мерки: Фудбалот и целиот спорт во Бугарија ќе бидат стопирани во следните четири месеци!

Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов најави дека дал предлог да се стопира целокупната спортска активност во земјата во следните четири месеци. Овој предлог е само еден дел од жестокиот план на Бугарија во борба со пандемијата со корона-вирусот.

Министерскиот совет в петок треба да заседава и да одлучи дали ќе се прифати ваквиот предлог, што би значело дека до март 2021 година нема да има никаков спорт во Бугарија. Во предлогот има и забрана за работа на сите едукативни установи, како што се универзитетите, школите и градинки, потоа забрана за одржување семинари, конкурси, како и стопирање со работа на ноќните клубови. Рестораните ќе може да работат само со достава.

Ако се случи забраната за спортски настани, тогаш веќе од следниот викенд нема да има никаков спорт кај нашиот источен сосед.

 

- Оглас -

Најнови вести