Жестоки реакции кон Ѓоковиќ и колегите за промовирање на српски ултранационализам (Видео)

Во Косово, Црна Гора и БиХ има реакции на однесувањето на српските тенисери за екстремно националистичко однесување за време на Дејвис купот.

Новак Ѓоковиќ и другарите на терен во Малага излегоа со песната „Весели се српски роде“, во која дел од текстот е „српскиот барјак нека се вие од Призрен до Румија“, и тоа ги налути Косоварите (Призрен е град во Косово) и Црногорците (Румија е планина на југот на Црна Гора кај границата со Албанија).

Критичарите се чудат како ПР тимот на Дејвис купот не знае каква песна пушта на разгласот.

Не само тоа, замерки за Србите има и за видеото кое го објави Тенискиот сојуз на Србија, а на кое се гледа дека победата над Велика Британија е прославувана со пеење на „Марш на Дрина“, која е стара повеќе од 100 години, но се смета за заштитен знак и на српските паравоени формации од времето на војната во Хрватска и БиХ.

- Оглас -

Најнови вести