Жезус не се чувствува безбеден во Рио, градоначалникот му гарантира: Никој не смее да те допре

Жорге Жезус бележи одлични резултати со Фламенго, но изјави дека се чувствува небезбеден во Рио де Жанеиро и најави заминување по завршување на сезоната.

Жезус го врати Фламенго на патеките на успехот, моментно „црвено-црните“ се второпласирани во бразилското првенство само со два бода заостанување зад Сантош, а играат и четврт-финале во Копа Либертадорес и се многу блиску да бидат и полуфиналисти по домашната победа од 2:0 против Интернасионал.

Португалецот, сепак малку и изненадувачки, најави разделба со Фламенго поради несекојдневна причина. Безбедноста во Рио де Жанеиро е сè полоша, но градоначалникот вели дека ќе стори сè за да го разубеди Жезус.

Вилсон Витцел е голем навивач на Фламенго, чест гостин е на „Маракана“ и не му е сеедно ако Жезус не се премисли.

„Ќе разговарам со Жорж лично и знам дека можам да го разубедам. Рио е многу побезбеден град од порано. Има тренд луѓето да се враќаат да живеат тука. Лично ќе гарантирам дека Жорж ќе ужива во спокоен живот додека е во Рио и секако додека е тренер на Фламенго“, изјави градоначалникот на Рио де Жанеиро.

 

- Оглас -

Најнови вести