Жезус погоди, ВАР поништи – Реми во дербито меѓу Манчестер сити и Тотенхем

Габриел Жезус постигна победнички гол за Манчестер сити во дербито на второто коло во Премиерлигата против Тотенхем, но по консултација со судиите во ВАР собата, главниот арбитар Оливер го поништи, па мечот заврши 2:2.

Двапати водеа домаќините со головите на Стерлинг и на Агуеро, но Ламела и Лукас израмнуваа и на крајот успеаја да му донесат еден бод на европскиот вицепрвак во дуелот со англискиот шампион.

Манчестер сити влезе во дербито со 4 победи по ред против Тотенхем на свој терен, но гостите со добра игра не им дозволија петка.

Стерлинг му донесе предност на домаќинот во 20. минута по асистенција на Кевин Де Бруин, а израмни Ламела во 23. минута по додавањето на Ндомбеле.

Повторно Де Бруин асистираше во 35. минута, а Агуеро постигна гол за предност на Сити по првиот дел од 2:1.

Еден од јунаците на ланскиот поход на Тотенхем до финалето на Лигата на шампионите, Бразилецот Лукас израмни во 56. минута, само што влезе во истата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести