Жикица Тасевски поднесе оставка, Силекс остана без тренер

Жикица Тасевски поднесе оставка од клупата на Силекс, откако неговиот тим во последното коло од ПМФЛ одигра реми од 1-1 со Македонија ЃП, по што Тасевски ја презеде одговорноста за слабите резултати и реши да отстапи од позицијата шеф на стручниот штаб. Силекс не бележи резултати како што посакуваа по стартот на домашниот шампионат, по осум кола се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата, со само една победа, три ремија и четири порази.

„Давам неотповиклива оставка на местото шеф на стручен штаб во фудбалскиот клуб Силекс. Сакам да се заблагодарам на семејството Иванов и целото клупско раководство. Силекс е клуб кој секогаш има високи амбиции, а после одиграните осум кола резултатите не содејствуваат со клупските и моите лични амбиции како тренер, за што јас чувствувам лична одговорност. На Силекс му посакувам среќа и спортски резултати во иднина“, истакна Тасевски.

 

- Оглас -

Најнови вести