Жињак постигна гол со пета, коментаторот полуде (видео)

Екипата на Тигрес која се натпреварува во мексиканската Прва лига, вчера славеше триумф од 3-2 над Некакса благодарение на одличниот  Андре Пјер Жињак, кој постигна два гола, а првиот му беше вистинско ремек-дело.

Поранешниот напаѓач на Марсеј веќе четири години растура во мексиканската лига, со новите два гола стигна до бројката од 99 погодоци во дресот на Тигрес. Вчера одново ги покажа голгетерските способности, откако со пета го совлада гостинскиот голман, кој остана закован и во неверување.

Не само што доби овации по голот, Жињак тотално го полуде и коментаторот кој не можеше да ги контролира емоциите.

https://twitter.com/NASAPodcast/status/1096951389903904769?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1096951389903904769&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fzinjak-postigao-velicanstven-gol-367519.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести