Жиру е најдобриот голман во Серија А за минатото коло!

Голгетерот на Милан, Оливие Жиру се најде во најдобрите 11 фудбалери за 8. коло во Серија А. Францускиот напаѓач е во тимот на колото, но како најдобар ГОЛМАН! Необично ако се знае дека главна задача на Жиру е да постигнува голови, а овојпат тој е најдобар меѓу оние кои треба да го заштитат својот гол.

На дуелот против Џенова, Жиру неочекувано мораше да се најде во улога на голман, откако чуварот на мрежата на Росонерите доби црвен картон, а беа направени сите измени.

Во клучните моменти Жиру дури имаше и една одлична интервенција и на крајот успеа да го сочува својот гол, па Милан на крајот победи со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести