Жиру и Дембеле се враќаат во репрезентацијата, Франција има ептен моќен состав

Оливие Жиру и Осман Дембеле се враќаат во националниот тим на Франција и ќе бидат во составот за средбите од Лигата на нациите против Австрија и Данска.

Селекторот Дидие Дешамп не можеше да ги изостави крилото на Барса, кое процвета под тренерската палка на Чави и веќе не се повредува често како порано, како и ветеранот кој му помага на Милан да бележи добри резултати.

Кога ќе се погледне составот на Франција, според имињата тој делува застрашувачки добар.

Голмани се: Ареола, Љорис и Маињан.

Во одбраната се: дебитантот Бадиашил, Клаус, Тео Ернандез, Кунде, Менди, Павар, Салиба, Упамекано, Варан.

Средниот ред го предводат: Камавинга и Чуамени од Реал Мадрид, а тука се и Фофана, Рабио и Гендузи.

Нападот е исклучително силен: Дембеле, Жиру, Гризман, Коло Муани, Мбапе, Нкунку.

Уште кога на ова ќе им се придодадат повредените Карим Бензема и Лукас Ернандез, а за СП можеби и Пол Погба, јасно е дека Дешамп е на слатки маки.

- Оглас -

Најнови вести