Жиру и официјално е голман на Милан, неговите голмански дресови распродадени во рекордно време (Фото)

Екипата на Милан забележа тешка победа од 0-1 на гостувањето кај Џенова и се искачи на врвот од табелата во италијанската Серија А. Последните минути од натпреварот на голот застана офанзивецот Оливие Жиру откако првиот голман Мајк Мањан доби црвен картон, а веќе беа извршени сите измени.

Од клубот во знак на благодарност за храбрите одбрани на Жиру, тие го ставија помеѓу голманите на нивниот сајт и напишаа:

„Оливие Жиру влезе во историјата на Милан со храбрите одбрани во последните минути од натпреварот на Росоњерите против Џенова. Клубот одлучи да ја овековечи неговата изведба во последната одбранбена линија ставајќи го на списокот со голмани. Дополнително, сега навивачите може да купат голмански дрес со натписот Жиру 9“, стои во објавата на Милан.

Голманските дресови со името на Оливие Жиру денес беа пуштени во продожба и беа распродадени во рекордно време низ сите клупски продавници на Милан.

- Оглас -

Најнови вести