Жиру се потсмеваше со Куртоа за утката на Вернер (фото)

Тимо Вернер стана мета на нов сеир по неговото големо промашување против Реал Мадрид во првото полуфинале во Лигата на шампионите, а ниту неговиот соиграч Оливие Жиру не пропушти да се пошегува на негова сметка.

Францускиот напаѓач на пред стартот на второто полувреме беше снимен од камерите како разговара со Куртоа, а темата беше токму неговата одбрана против Вернер.

„Интервенцијата против Тимо, пффф“, со потсмев се обрати Жиру, а потоа Куртоа со гестикулации му покажа како одбрани: „Само ја пуштив ногата“, врати белгискиот голман.

- Оглас -

Најнови вести