Живковиќ може да бира дали да игра за Србија, Холандија или Курасао

Фудбалскиот сојуз на малата островска држава Курасао е амбициозен и има намера да состави репрезентација која ќе се пласира на Светското првенство во 2022 година, а прв чекор кон тоа беше ангажирањето на славниот холандски тренер Гус Хидинк. Сега Курасао треба да состави тим кој ќе ги мине квалификациите во КОНКАКАФ зоната.

Со актуелниот состав тешко дека ќе успеат, но ќе се контактира со сите кои имаат некаква врска со Курасао, па прв на листата на желби им е холандскиот напаѓач со српско потекло, Ришаиро Живковиќ.

Мајката на Живковиќ е Србинка, а татко му е од Курасао. Ришаиро ги мина сите младински селекции на Лалињата, но нема настап за тимот А на Холандија, па има право и да се одлучи да игра за друга земја како Србија или Курасао. Живковиќ, кој има 23 години, пред некоја година важеше за еден од најголемите европски таленти, но кариерата не му се движи по планираниот тек. Последни клубови за коишто играше му беа Остенде, Чангчун Јатаи и Шефилд јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести