Животна грешка: Одби 84 милиони долари од Лејкерс, потпиша за вечниот ривал „за ситно“

Денис Шрудер може да се прогласи како најголемиот губитник на трансфер-пазарот во НБА лигата. Германскиот репрезентативец и досегашен плејмејкер на ЛА лејкерс, одби нов договор од Езерџиите во вредност од 84 милиони долари, сума која требаше да ја добие за четири години, што се покажа како животна грешка.

Мислејќи дека вреди повеќе, Шрудер одлучи како слободен играч да се понуди на пазарот на останатите екипи, само за да добие едногодишен договор од Бостон селтикс во вредност од 5,9 милиони долари.

Скромната сума го прави најголем губитник, а Езерџиите не може да бидат посреќни што Шрудер им кажа „не“, бидејќи издејствуваа на пазарот и го ангажираа Расел Вестбрук, далеку поквалитетниот организатор на игра и еден од најдобрите кошаркари на негова позиција на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести