Животна партија на Марез, Сити првпат во историјата ќе се бори за пехарот со големите уши (видео)

Манчестер сити со победата од 2-0, односно 4-1 во двомечот против ПСЖ, се пласира во финалето од Лигата на шампионите за првпат во клупската историја.

Ријад Марез со својата животна партија и двата погодоци го потопи европскиот вицепрвак кој на „Етихад“ имаше свои моменти, меѓутоа избраниците на Пеп Гвардиола едноставно беа супериорни вечерва.

Алжирецот прво во 11-тата минута го отвори резултатот откако ударот на Де Бројне, беше блокиран, но, за негова среќат, топката стигна до него и ја смести зад грбот на Навас. Светците брзо бараа одговор и враќање во средбата, Маркињос ја погоди гредата, а само две минути подоцна Ди Марија го промаши празниот гол кој го остави Едерсон.

Марез им зададе нов нокаут на гостите од Париз, во 63-тата минута Сити изведе убиствен контранапад за кој немаше спас и веќе беше јасно дека гигантот од Манчестер ќе биде првиот финалист сезонава.

Вжештена беше атмосферата на теренот до самиот финиш, често фудбалерите влегуваа во вербални судири, а неспортскиот потег на Ди Марија остави црна дамка, по што ПСЖ последните 20 минути ги одирга со играч помалку.

Пеп Гвардиола дочека по една деценија да се пласира во финалето од ЛШ, на 29 мај ќе се бори за својот трет европски трофеј во кариерата, а да го донесе првиот во историјата на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести