Животот му се сврте наопаку на навивачот што го нападна голманот на Севилја, ќе оди во затвор, доби отказ и навивачите се откажаа од него

Навивачот на ПСВ Ајндховен, Дилано К., кој влета на теренот на теренот за време на натпреварот од Лигата на Европа минатиот месец меѓу ПСВ и Севилја и го нападна голманот фна гостите, долго ќе го памети тој потег бидејќи поради него,животот му се сврте наиопаку.

Холандскиот весник „Де телеграф“ пишува дека Дилано е осуден на два месеци затворска казна, а во меѓувреме претрпел порази на сите други полиња.

Тој добил отказ од работното место, а навивачката група на ПСВ се откажала од него. Исто така, Дилано доби забрана за влез на стадионот на ПСВ во наредните две години.
Тој за холандските медиуми изјави дека го нападнал голманот на Севилја за да се докаже пред навивачите како и дека бил под дејство на алкохол.

„ Тоа беше глупав потег. Не размислував за последиците, не само за мене, туку и за моите пријатели и семејството. Многу ми е жал“, изјави Дилано за време на судскиот процес.

- Оглас -

Најнови вести