Жоао Феликс налето си оди од Лондон, но останува во Премиер лигата?

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, од јануари годинава настапува како позајмен играч во Челси кој му плати 11 милиони евра на Атлетико Мадрид за шестмесечна позајмица, најверојатно налето ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, но постои голема шанса да остане во Премиер лигата.

Шпанското радио Кадена Сер објави дека сериозен интерес за Жоао Феликс пројавува Њукасл кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Вредноста на Португалецот падна за 50 милиони евра, и иако Атлетико за него и плати на Бенфика 126 милиони евра, сега шпанскиот тим е подготвен да го пушти за 70 до 80 милиони евра.

Оваа сума не претставува никаков проблем за Њукасл, кој по преземањето од страна на државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, стана најбогат клуб на светот.

Португалецот сезонава досега одигра 35 натпревари за Челси и Атлетико Мадрид, постигнувајќи само седум гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести