Жоао Марио се врати во Спортинг, Ристовски има понуди од Русија

Жоао Марио се врати во Спортинг, клубот во којшто ја почна професионалната кариера, и ќе игра за Лавовите од Лисабон како позајмен играч од Интер.

Нераѕурите и по третпат го позајмуваат португалскиот репрезентативец, откако тој играше и во Вест хем и во Локомотив Москва по една сезона.

Токму Русија може да биде следната дестинација на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, а португалскиот портал „А Бола“ објави дека Спортинг има понуди за него.

Во Русија преодниот рок трае до 17 октомври, па има време за десниот бек да се пресели во клуб од руското првенство откако Рубен Аморим објави дека нема да смета на десниот бек на македонската репрезентација во иднина.

- Оглас -

Најнови вести