Жолтата подморница конечно исплови со бодови против Атлетико, Рули ја има одбраната на колото (Видео)

Џеронимо Рули ја има одбраната на колото во Ла Лига, а голманот на Вилјареал е еден од јунаците на победата против Атлетико во Мадрид со 2:0.

Рули му го одбрани ударот на Караско во 79. минута и тоа на страшно атрактивен начин, откако претходно во истата акција домаќините ја погодија пречката.

Ridiculous save from Rulli vs Atletico from soccer

Вториот и третиот јунак на Жолтата подморница се стрелците Џереми Пино и Џерард Морено.

Пино погоди во 73. минута како најава за прва победа на Вилјареал против Атлетико Мадрид по четири години, односно по црна серија од 8 меча без триумф, а Морено беше прецизен во последните секунди на мечот.

Atletico de Madrid 0-[1] Villarreal – Yeremy Pino from soccer

- Оглас -

Најнови вести