Жота и Ливерпул ја обновија соработката

Диого Жота потпиша нов, повеќегодишен и подобар договор во Ливерпул откако се покажа како полн погодок по неговиот трансфер од Вулверхемптон пред две години.

Португалецот пред две лета пристигна на „Енфилд“ за речиси 45 милиони евра и веднаш придонесе за успесите на Црвените. Го разби дуото Мане-Салах и во неколку наврати се наметнуваше во почетниот состав одржувајќи одлична голгетерска форма.

„Во Ливерпул сакам да го достигнам мојот зенит. Очигледно е дека станав важен адут во тимот во изминатите две сезони, па логично беше да ја обновиме соработката. Сега е време да освојуваме нови височини“, истакна Жота по потпишувањето на договорот.

https://twitter.com/LFC/status/1554427958755991554

За Ливерпул досега запиша 85 настапи во кои забележа 34 погодоци и 9 асистенции. Минатата сезона Жота му помогна на тимот да ги освои двата купа во Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести