Жозе го носи Бејл на „Олимпико“?

Рома се истакна како најнов клуб кој е заинтересиран за услугите на Герет Бејл. На Жозе Мурињо му е потребно искуство во нападот на Волчицата, а токму во Велшанецот се гледа како идеално решение бидејќи клубот може да го осигури без отштета.

Бејл од 1 јули ќе биде слободен играч по истекувањето на неговиот договор со Реал Мадрид, а секојдневно добива понуди кои засега не му изгледаат примамливи. Има шанса да се врати во татковината и да игра за Кардиф во втората лига на Англија, додека пак да остане во Шпанија и да го облече дресот на Хетафе, како што се шпекулираше, не доаѓа предвид.

Инаку Мурињо и Бејл соработуваа во Тотенхем пред Португалецот да добие отказ од премиерлигашот, кога велшката ѕвезда привремено се врати во клубот како позајмен играч од Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести