Ливерпул не само што не успеа да ја одбрани титулата во Премиер лигата, туку оваа екипа се мачи да биде во Топ 4 на табелата. Тоа е разочарувачки за сите фанови на Црвените, а капитенот на Црвените, Вирџил ван Дајк потенцира дека веќе не смее да се дозволи клубот да има толку слаби резултати.
„Сакам да бидеме успешни. Мора да сфатиме дека оваа сезона не може да се повтори, тоа е неприфатливо“, рече Ван Дајк.
На последниот меч што го одигра, Ливерпул загуби од најголемиот ривал Манчестер јунајтед со 2:3 на „Олд Трафорд“ што беше дури 18-ти неуспех за Ливерпул сезонава во сите натпреварувања.
Гигантот од Енфилд роуд пред почетокот на сезоната потрошија околу 446 милиони фунти за подобрување на нивниот состав, но на крајот ќе ја завршат сезоната без ниту еден освоен трофеј.

