Жозе разочаран од своето прво засилување во Тотенхем

Тотенхем шест месеци порано ќе ја прекине позајмицата на Жедсон Фернандес, играчот за врска од Бенфика. Португалецот беше прво засилување на Жозе Мурињо минатиот јануарски преоден рок, откако пристигна на една и полгодишна позајмица со опција да се откупи неговиот договор за сума од 40 милиони фунти.

Тотенхем не само што предвреме става крај на соработката, туку и се откажува и од договорениот трансфер на Жедсон. Младиот фудбалер имаше ветувачки старт на кариерата во Тотенхем, меѓутоа оваа сезона запиша само еден настап во ЕФЛ-купот и потполно падна во втор план.

Во Бенфика ќе се врати уште во првиот ден од Новата 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести