Зидан: Дајте ни го европскиот првак

Реал Мадрид пласманот во нокаут-фазата го обезбеди со освојувањето на второто место во групата А со 11 бода, пет помалку од лидерот ПСЖ. Тоа значи дека Кралевите уште во првата рунда ќе се соочат со квалитетен противник, ако се знае дека Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер сити, Лајпциг и Ливерпул се евентуалните противници кои 13-кратниот европски првак може да ги добие.

Во пресрет на ждрепката која ќе се одржи во понеделник, Зинедин Зидан не се плаши од потенцијалните противници, а на прашањето дали Ливерпул е тимот кој треба да се избегне, тој одговори смело.

„Не можеме да влијаеме врз ждрепката. Нема од кого да се плашиме. Ако го добиеме Ливерпул, тогаш ќе го елиминираме“, истакна Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести