Зидан две години ќе биде без работа, а потоа ќе го преземе најдобриот тим на светот

Зинедин Зидан донел одлука за продолжување на својата кариера, а тоа е да биде селектор на репрезентацијата на Франција. Зидан не бил заморен од тренерската работа, но не брза и подготвен е да чека колку што е потребно само за да биде наследник на Дидие Дешамп на клупата на Галските петли.

Дешамп има договор до Светското првенство во декември 2022 година, па Зидан ќе треба да почека до јануари 2023 година. Доколку Французите многу потфрлат на претстојното ЕП, не е исклучено Дешамп да добие отказ летово, но тоа е малку веројатно, па популарниот Зизу веројатно ќе треба да почека до 2023 година за да седне на клупата на тимот кој во 2018 година стана светски првак, а ќе биде во прв ред фаворити на Мундијалот во Катар кон крајот на следната година.

- Оглас -

Најнови вести