Реал Мадрид вечерва гостува кај Гранада во мечот од 36-тото коло во Ла Лига, во кој Кралевите мора да победат за да останат во трката за титулата.
За овој дуел Зидан нема да смета на неколку првотимци како Рамос, Варан, Васкес, Карвахал и Менди, no и искусниот бек Марсело, за кого се веруваше дека има некаква повреда, но причината за изоставување од тимот е друга.
Имено, Марсело се бунтувал на еден од последните тренинзи околу дефанзивната тактика, а Зидан го покажал својот авторитет така што го избркал Бразилецот од тренингот и го отпиша за вечерашниот дуел.
Ваквиот однос на Марсело уште повеќе го најавува неговото заминување од Мадрид по крајот на сезоната.