Зидан изненади со изборот за ЛШ – Реал има играч позајмен од вториот тим на Хетафе

Зинедин Зидан го објави поширокиот список со фудбалери што се пријавени за настап во Лигата на шампионите, а голема сензација е името на 20-годишен напаѓач што е позајмен од Кралскиот клуб од втората екипа на Хетафе, а моментно игра за вториот тим на Реал Мадрид, Кастилја.

Уго Дуро, 20-годишен напаѓач е изненадувањето што никој не го очекуваше на списокот со играчи на најтрофејната екипа во Европа.

Приказната му е интересна, бидејќи настапуваше за вториот тим на градскиот ривал на Реал, Хетафе, па беше позајмен за да игра во Кастилја, што е младински погон на Кралскиот клуб, или втора екипа.

Дуро веројатно нема да добие шанса за настап во луксузната лига, но и ова е за него комплимент, а се очекува Реал Мадрид да го откупи неговиот договор од Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести