Зидан објасни што значи за Реал денешниот дуел против Атлетико

Атлетико Мадрид против Реал Мадрид е дербито во Шпанија кое може да реши многу енигми во Примера дивисион. Јорганџиите ја имаат предноста на домашен терен, но и пет бода повеќе, но и меч помалку од градскиот ривал. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан знае колку е важен овој дуел пред продолжување на сезоната и трката за одбрана на титулата.

„Точно е дека овој дуел за нас е како финале, но како и за заврши, ние ќе останеме со шанси за титулата. Овој меч како и сите останати носат три бода. За нас најважно е да одиграме добро. Во вакви дерби дуели нема фаворити, иако домашниот терен му дава предност на Атлетико. И за фудбалерите на ваквите средби се посебно мотивирани. Ние треба да одиграме како што знаеме, а останатото само ќе си дојде“, рече Зидан.

Најголема дилема за Зидан е дали Карим Бензема ќе биде во стартниот тим или не. Францускиот голгетер се опоравува од повредата.

„Бензема е многу важен играч за нас. Пред мечот ќе проценам дали тој може да игра или не. Сигурно дека сите играчи сакаат да го видат во составот. Тој играч е од огромно значење за нас“, додаде Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести