Зидан не бара алиби во заморот: Можевме да одиграме уште еден меч

Зинедин Зидан не се согласи со новинарите по мечот со Челзи дека неговите играчи биле преморени и изјави дека Реал можел да одигра уште еден меч без прекин.

Кралскиот клуб беше поразен со 2:0 во реванш полуфиналето во Лигата на шампионите, а противникот Челзи беше многу подобар и изгледаше многу посвежо на теренот, па заслужено се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

„Челзи беше подобар, имаше повеќе шанси за гол, даде два, иако и ние промашивме неколку изгледни прилики. Не се согласувам дека играчите беа уморни. Ова е полуфинале во Лигата на шампионите и тие беа подготвени да одиграат уште 90 минути. Ни недостасуваше поголем притисок во офанзивата, но среќни сме со ефектот во Лигата на шампионите сезонава. Секако не и со поразот од Челзи, но тиа беа подобри и заслужено ќе играат за пехарот“, изјави Зидан.

Реал Мадрид може да остане без пехар сезонава, но сè уште има шанси за титулата во Ла Лига. На четири кола до крајот на шпанското првенство, Кралскиот клуб е зад лидерот Атлетико Мадрид и заедно со Барселона заостануваат за два бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести