Зидан не отстапува, Перес му крои капа – Покетино, или легендата на клубот се топ-опции за нов тренер на Реал

Зинедин Зидан изјави дека нема да поднесе оставка и веќе се подготвува за дербито во сабота, кога Реал Мадрид ќе ѝ гостува на Севилја во меч од Ла Лига, но Флорентино Перес има поинакви планови.

Претседателот на Реал Мадрид тешко го поднел поразот од Шахтар во Киев, вчера во мечот од Лигата на шампионите, и шпанските медиуми тврдат дека ќе го смени Зидан.

Топ-опции за нов тренер на Кралскиот клуб се Маурисио Покетино, поранешниот тренер на Тотенхем, кој требаше да дојде во Реал Мадрид уште во 2016 година, и легендата на клубот Раул Гонзалес.

Дел од главните соработници на Перес од раководството на Реал Мадрид барале Зидан веднаш да биде сменет и со шок-терапија да се размрда клубот што има дури пет порази на 16 натпревари сезонава. Кралевите врзаа и два незгодни неуспеси против аутсајдерите Алавес во Ла Лига и од Шахтар во Лигата на шампионите.

Ги чека тежок распоред и меч со опасната Севилја, на гостински терен во сабота, а потоа и клучниот меч за осминафинале во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах на свој терен.

Покетино моментно е без ангажман откако си замина од Тотенхем, а Раул е тренер на вториот тим на Реал Мадрид, популарната Кастилја.

 

- Оглас -

Најнови вести