Зидан не се мисли: Му нуди тројца играчи на Реал за да го добие Пол Погба

Реал Мадрид дефинитивно има сезона за заборавање. Кралскиот клуб по подолго време ќе заврши без ниту еден освоен трофеј во своите витрини. Токму поради тоа, на клупата неодамна беше вратен тренерот Зинедин Зидан, кој ќе има задача да го врати клубот таму каде што му е местото, на тронот.

Популарниот Зизу веќе почнал да размислува за тоа кои играчи му се потребни за следната сезона. Еден од тие е и ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Сепак, англискиот гигант тешко дека ќе сака да се откаже од Погба, освен ако нема некоја многу примамлива понуда.

Според шпекулациите, Реал е подготвен да даде дури тројца свои играчи за да го добие Погба. На списокот за размена со Погба се Герет Бејл, Тони Крос и Џејмс Родригез. Доколку се случи ваква трампа, Манчестер ќе мора да доплати и некоја пара, но сепак, „црвените ѓаволи“ би добиле тројца докажани играчи.

До почетокот на летниот преоден рок има уште доста време и сигурно ќе има уште многу шпекулации и предвидувања за тоа кои играчи ќе го облечат дресот на Реал Мадрид во следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести