Зидан нема попуст ниту за син му, го избрка од Реал Мадрид и го прати во втора лига

Реал Мадрид продолжува да се ослободува од играчите на кои нема да смета во новата сезона. Тренерот Зинедин Зидан сака да располага максимум со 22 играчи, додека сите останати ќе ги смета за непотребни.

Токму затоа, легендарниот Зизу реши од клубот да го тргне и неговиот син Лука. Младиот голман е даден под наем во второлигашот Расинг Сантандер. Договорено е Лука да брани за Сантандер една сезона, но потоа да се врати во Реал без можност второлигашот да го откупи неговиот договор. Синот на Зидан има договор со Реал до 2020 година.

Лука Зидан не се избори да биде меѓу тројцата голмани на Реал, каде што главната улога ќе ја имаат Тибо Куртоа и Кејлор Навас, а трета опција ќе биде младиот Украинец Андриј Лунин.

 

- Оглас -

Најнови вести