Зидан објасни зошто не се плаши од отказ во Реал дури и да загуби на Ел Класико

Два порази на домашен терен и тоа од противничи кои реално Реал требаше лесно да ги победи е нешто што одамна не му се случило на Кралскиот клуб. Кадис во првенството и Шахтер во Лигата на шампиони си заминаа со полн плен од гостувањето кај шпанскиот првак, но тренерот на Реал, Зинедин Зидан не е многу вознемирен.

Францускиот стратег вели дека не се плаши од отказ, затоа што и претходно се случувало да биде во слична ситуација и на крајот Реал да излегува како победник.

„Лани беше иста ситуација, а истото се случи и во мојот прв мандат тука. Морам со 100 отсто да ја работам мојата работа како и досега. Критиките се нормална работа кога на тимот не му оди добро. Логично е да се рече дека се треба да се менува. Секогаш било така. Што се однесува до дуелот со Барселона, ние секогаш одиме на победа. Не може секогаш да победуваме, но ние секогаш сакаме да победиме. Изгубивме два меча но проблемот не кај играчите не фалеше волја. Мислам дека дуелот против Барселона е најдобар начин да ја свртиме работата во наша полза“, рече Зидан.

Добра вест за Реал е што во тимот ќе се врати капитенот Серхио Рамос, човекот кој дава неверојатна стабилност во играта. Ел Класико се игра утре на „Камп Ноу“ со почеток во 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести