Зидан објасни зошто Реал прима толку малку голови

Реал Мадрид е тим со најмалку примени голови во Топ 5 лигите во Европа и ова е зачудувачки податок бидејќи Кралевите во минатото секогаш биле познати по ефикасен напад и слаба одбрана. Сепак, сезонава нешто чудно се случува, а тренерот Зинедин Зидан по синоќешната победа над Сарагоса од 4-0 во Купот, објасни каде се крие тајната на успехот.

„Играме подобра одбрана сега отколку претходно бидејќи сега одбрана не играат само дефанзивците“, рече Зидан.

Солидарноста на напаѓачите и средниот ред дава резултат, сите помагаат во одбраната, па и голманот Тибо Куртоа има помалку работа. Реал има серија од 20 меча без пораз и многу често не прима гол.

„Гледам многу позитивни работи, но сезоната е долга, уште ништо не сме освоиле“, додаде Зидан, кој е задоволен што освен тоа што напаѓачите помагаат во одбрана, и дефанзивците помагаат во нападот и даваат голови.

Реал в сабота ќе биде исправен пред сериозен тест, како лидер на табелата во Примера, на свој терен игра градско дерби со Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести