Зидан подготвува НБА сценарио за да ја надитри Барса во трката за титулата

Зинедин Зидан и неговиот стручен штаб се подготвуваат за НБА сценарио во битката за да ја надитрат Барселона во трката за титулата во Шпанија.

Според проценките во таборот на Реал Мадрид многу поверојатно сценарио е Ла Лига да продолжи некаде околу 15. мај и во рок од само еден и пол месец до 30. јуни да се одиграат 11 кола во шпанското првенство и плус и реванш мечот со Манчестер сити во осминафиналето во Лигата на шампионите.

И на двата фронта Реал не е фаворит, бидејќи во шпанското првенство е втор со 56 бода, два помалку од лидерот и вечен ривал Барселона, а во ЛШ има негатива од 1:2 и гостување во Манчестер, кај Сити.

За Ла Лига има две можни сценарија за продолжување, на 15. април и на 15. мај, а одлуки ќе се носат ад-хок во зависност од ситуацијата со Коронавирусот.

Зидан и неговите помошници сепак веруваат дека втората варијанта е поверојатна, а во таков случај ќе треба да се играат мечеви на 48, или 72 часа што е многу слично на распоредот на мечеви во НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести