Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, дали Јувентус е неговата следна дестинација?

Реал Мадрид ја имаше најлошата сезона во последните 11 години, откако не успеа да освои ниту еден трофеј. Кралевите беа најблиску до одбрана на тронот во Примера, но на крајот заостанаа еден бод зад новиот шампион Атлетико Мадрид.

Веднаш по завршувањето на сезоната започнаа шпекулации дека Зидан ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид, а доцна синоќа италијанскиот новинар Фабрицио Романо под ознаката „ексклузивно“ откри дека Зидан повеќе не е тренер на најтрофејниот шпански клуб.

Шпекулациите сега се дека Зидан веднаш треба да се префрли во Торино и да седне на клупата на Јувентус. Како играч, Зидан токму во дресовите на Реал Мадрид и на Јувентус ги имаше најблескавите моменти, а најавуваше дека желба му е да биде тренер и на Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести