Зидан пред Ливерпул: Финалето е во минатото, предизвикот сега е различен

Реал Мадрид утре ќе го пречека англискиот првак Ливерпул на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“ во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

Зинедин Зидан зборуваше околу претстојното дерби, кое ќе биде реприза од финалето во 2018 година, кое Кралевите го добија со 3-1, за кое Зидан вели дека е во минатото и нема потреба да се навраќа на тоа.

„Финалето од 2018 година е во минатото, а предизвикот сега е поразличен. Ливерпул е поквалитетен тим од тогаш. Нивниот напад е особено опасен, а сметам дека отуството на Ван Дајк не ги прави послаби. Го имаат Клоп, еден од најдобрите менаџери на денешницата, чија успешна работа ја потврдија освоените трофеи од изминативе сезони. Што се однесува до нас, ќе се обидеме да на ја наметнеме својата игра. Ова ни е еден од најважните натпревари во сезоната, но само поради тоа што е следен. Претходно најважен меч ни беше против Еибар, а тој предизвик го надминавме успешно“, посочи Зидан.

Дербито меѓу актуелните шпански и англиски шампиони е предвидено во стандардниот термин од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести