Зидан само уште повеќе го налути Бејл – Реал ќе го трпи Велшанецот уште три години

Сагата околу иднината на Герет Бејл како да нема крај. Велшанецот е непожелен во Реал Мадрид, но тој не планира да си замине. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, пред неколку дена јасно изјави дека воопшто не планира на услугите на Бејл за во новата сезона и дека колку побрзо играчот си замине од „Сантијаго Бернабеу“, толку подобро ќе биде за сите нив.

Ваквите најави од Зидан го налутија Бејл, но и неговиот менаџер, па следуваше одговор дека може да се случи Реал уште три години да го трпи Велшанецот, до кога и му трае договорот. Менаџерот Џонатан Барнет категорично одби дека Бејл може да оди на позајминца.

„Нема да има некој посебен договор според кој Бејл ќе може да биде избркан од клубот. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Гарантирам дека нема да оди на позајмица. Бејл е играч на Реал и засега така останува. Ако се појави некоја понуда која ни одговара, може да си отиде за еден ден или за една недела. Сепак, ако не се појави таква понуда, Бејл може да остане играч на Реал Мадрид во следните три години, додека не му истече договорот“, вели менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет.

На пријателскиот меч на Реал против Баерн Минхен, Бејл беше единствениот играч кој не доби шанса да влезе во игра. Кралскиот клуб ноќеска игра против Арсенал, а целосната понуда за обложвање ја има на Sport Life обложувалниците.

 

- Оглас -

Најнови вести