Зидан: Се надевам дека Бензема ќе игра против Атлетико

Реал Мадрид синоќа одигра 1-1 против Реал Сосиедад и сега го дели второто место со Барселона, со пет бода помалку од Атлетико Мадрид, а Јорганџиите имаат и еден меч помалку. Тренерот Зинедин Зидан е цел на критики за менување на системот на игра, и тоа во периодот кога Мадрид прими гол (погодокот на Сосиедад беше со глава, а го даде играч кој е висок само 167 сантиметри), но поголем проблем е немањето реализација и тоа што Реал по повредата на Зидан нема дадено повеќе од еден гол.

Атлетико е на „пол-позиција“ за освојување на титулата во Шпанија, а в недела, на 7 март, Атлетико го пречекува Реал во големото мадридско дерби. Зидан се надева дека неговиот сонародник, кој е прв стрелец на Кралскиот клуб, ќе игра на дербито.

„Требаше да победиме според бројот на шанси кои ги имавме, особено во првото полувреме, кога требаше да дадеме гол. Доминиравме во поседот на топката, но таков е фудбалот. Имаме пет победи и реми на последните шест меча, така треба да продолжиме. Има уште многу за играње, никој нема да ги добие сите натпревари до крајот. За дербито со Атлетико, Бензема би требало да биде со нас. Ќе видиме утре, тој уште нема тренирано со тимот, но добро се чувствува“, рече Зидан по синоќешниот кикс, на кој неговиот тим се спаси од пораз во 89-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести