Зидан: Среќен сум, дојдов дома за да го вратам Реал каде што му е местото

Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид, во клубот со којшто имаше многу успеси и освојуваше трофеи и во шпанското првенство и во Лигата на шампионите.

„Пресреќен сум, се вратив дома и сакам Реал Мадрид да се врати на местото кое му припаѓа, во врвот на шпанскиот и европскиот фудбал“, изјави популарниот Зизу.

Пред десеттина месеци тој си замина од клубот, иако имаше одлични резултати, но недоразбирањето со Флорентино Перес околу продажбата на Кристијано Роналдо беше клучна Зидан да си замине.

- Оглас -

Најнови вести