Зидан: Тој е најдобриот, ми велеше двапати ќе ти ја протнам топката низ нозе, и го правеше тоа

Зинедин Зидан во шоуто на Тони Паркер, раскажа анегдоти од тренинзите кои ги имал во Реал Мадрид и рече дека најдобар фудбалер со кој што играл е Бразилецот Роналдо.

„Беше забавно на тренинзите, особено кога за соиграч го имате Бразилецот Роналдо. Тој ќе ми кажеше денеска двапати ќе ти ја протнам топката низ нозе, и ќе го направеше тоа, бидејќи ако кажеш нешто, а не успееш, сите ќе ти се смејат. Роналдо е најдобриот со кој што сум играл, немаше слаби точки, со топката правеше што сакаше“ – рече Зидан.

Популарниот Зизу откри дека омилен трофеј му е оној од Светското првенство, а најтажен бил кога како младинец, со клубот Кан испаднал од француската лига, по што замина во Бордо.

Интересно е дека кога завршил со играње, Зидан не сакал да работи како тренер, но му се смениле плановите, и се покажа како правилна одлука. Тој е единствениот во историјата со три титули по ред во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести