Зидан: Уште сме „живи“

Зинедин Зидан знае дека битката за пласман во големото финале е далеку од готова, иако резултатот од 1-1 не е во полза на Кралевите во пресрет на реваншот кој ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ идната среда.

Зизу вели дека резултатот беше фер според прикажаното на двете екипи, а воедно е задоволен од настапот на своите фудбалери.

„Задоволен сум од она што го видов на теренот. Уште сме „живи“ и со позитивни мисли ќе го дочекаме реваншот. Резултатот е фер според она што го прикажаа двете екипи, иако ние бевме подобри во второто полувреме. Челзи тргна доста офанзивно, но ние постепено воспоставуваме контрола врз топката како што одминуваше времето. Секако дека ќе биде тешко во реваншот бидејќи Челзи покажа дека заслужува да е полуфиналист. Впрочем, немаат примено гол во 16 меча откако Тухел им е тренер, но ние имаме искуство во вакви ситуации и знаеме што можеме“, посочи Зидан по мечот.

Вечерва е редот ПСЖ и Манчестер сити да приредат возбудлив дуел, како што беше вчерашниот на „Алфредо ди Стефано“.

- Оглас -

Најнови вести