Зидан веќе им кажал на фудбалерите на Реал дека си заминува!

Зинедин Зидан нема да го води Реал Мадрид во следната сезона, и тој својата одлука веќе им ја соопштил на фудбалерите на Кралскиот клуб пред мечот со Севилја на кој одиграа 2-2. Ова го објави француската верзија на специјализираниот фудбалски портал „Goal“.

Зидан на денешната прес-конференција пред дуелот со Атлетик Билбао, рече дека правилно е да се направи нешто кое ќе биде добро за сите, и тоа се толкува како најава меѓу редови дека и за него и за Реал, мислат дека е најдобро ако се разделат. Зидан се жалеше на физички и ментален замор. За 48-годишниот Зидан се шпекулира дека може да оди во Јувентус или дека ќе биде селектор на Франција после Дидие Дешан.

За преземање на тренерското место во Реал после Зидан се Раул, Масимилијано Алегри и Јоаким Лев.

- Оглас -

Најнови вести